
Царински службеници од Царинарница Скопје во еден ден открија 12 илегални мигранти со потекло од Египет и Судан, при контрола на стока пријавена за увозно царинење во две различни испостави.
Во царински терминал во Тетово, царинските службеници уште пред да извршат контрола на камионот се посомневале за можно присуство на илегални мигранти, поради што повикале асистенција од МВР по што во товарниот дел се откриени пет илегални мигранти.
По само два часа, во царинскиот терминал Скопје 3 при контрола на стоката пријавена за увозно царинење откриени се седум илегални мигранти.
Мигрантите се предадени на Министерството за внатрешни работи.
„Согласно последните податоци на Фронтекс, илегалната миграција преку западнобалканската рута забележува пад од 42 проценти. Овие бројки покажуваат дека соработката дава резултати, но наша одговорност е да останеме будни и да бидеме подготвени за новите предизвици“, велат од Царина.
Текстот Царинска управа: Во еден ден откриени 12 мигранти од Египет и Судан е превземен од МАКФАКС.























