Европската комисија подготвува патокази за четири земји, Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина. Македонија ја нема, изоставена е. Остануваме заглавени. За само две и пол години со Мицкоски од предводници на европскиот пат станавме губитници, велат од СДСМ.

„Тоа е резултатот на арамијата Мицкоски. Наместо реформи политика на изолација, лаги и празни ветувања. Губиме време, пари, фондови, губиме генерации кои се иселуваат заради Мицкоски. Реофрми нема. Европа бара исполнети обврски, независно судство и борба против корупцијата. Фотографии по ходници не отвораат преговарачки поглавја. Партиски говори не заменуваат реформи. Нападите врз опозицијата и црните кампањи не ја придвижуваат државата. Цената ја плаќаат граѓаните. Скапо“, велат од партијата.

Од Македонија заглавена надвор од ЕУ, додаваат од СДСМ, корист имаат силите што сакаат слаб и поделен регион, отворен за влијанието на Москва.

„Македонија им треба надвор од Унијата. Отстапница за Вучиќ. Место за пари од криминал и корупција. Тампон-зона кон ЕУ – тоа ѝ треба на Москва. Сигурно пристаниште за организираната криминална група ВМРО на чело со Мицкоски. Мицкоски е руски прокси играч. Неговите сателити ја имаат истата задача. Левица – руска партија: анти-НАТО, анти-Америка. Затоа сите сили се споија. Земјата да стои во место. Министер во Владата, кафеански реформатори, ЗНАМ 2.0, шемаџии — сите во служба на руските интереси и интересите на Арамијата. Македонија не е ничија тампон-зона. Не е резерва за туѓи агенди. Македонија е татковина на граѓаните што заслужуваат европска иднина. Кој ги кочи реформите, го кочи европскиот пат. Кој ја држи државата заглавена, мора да понесе одговорност“, велат од СДСМ.

Текстот СДСМ: Со Мицкоски од предводници станавме губитници: четири земји имаат патоказ кон ЕУ – Македонија нема е превземен од МАКФАКС.