Во четврток, (01.10.2026) во 20 часот, во МКЦ ( Младински Културен Центар) ќе се отвори изложба на фотографот Боро Рудиќ, под името „Левитација“. Изложбата ќе трае до 13 октомври.

За изложбата:

ЛEВИТАЦИЈА

КОИ СМЕ, ШТО СМЕ, КAДЕ ОДИМЕ

Левитацијата на оваа изложба не претставува физичка, туку метафизичка состојба. Таа не зборува за материјалниот свет, светот на тежина и отпор; таа е приказна за нашиот духовен свет, за нашето патување од плaветнилата на длабочините кон хоризонтите на поинаква, почовечна иднина. Левитацијата е непрекината еволуција, насочена кон промена и постојано издигнување на човечкото битие кон тие нови хоризонти.

Првиот дел од изложбата е нашето потекло или КОИ СМЕ? Тоа е нашето колективно сеќавање — сеќавање на нашиот прапочеток, сеќавање на водата.

Вториот дел од изложбата е нашето сегашно, материјално битие или ШТО СМЕ? Златно-окер бојата на овие фотографии е боја на земјата и прашината. Таа е визуелна парабола на нашата минливост и промена низ урбаниот простор, празните улици и архитектонските сенки. Патувањето тука не застанува; тој процес продолжува.

Третиот дел од изложбата или КАДЕ ОДИМЕ? е прикажан во една фотографија. Нема вода, нема материјален свет, но нема ниту крај. Само хоризонт на надеж со безброј можности за промена — блиски и полни со живот. Тоа е еволуција без крај.

Текстот Изложба на фотографии „Левитација“ од Боро Рудиќ во МКЦ е превземен од МАКФАКС.