Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-80мм на улицата Владимир Полежиновски 17, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Владимир Полежиновски и дел од ул.20-ти Октомври, општина Центар.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.