СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ќ.Б.(26) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 05.04.2026, пријавениот физички ја нападнал неговата сестра. 

Вчера во 14:45 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го приведоа И.А. (19) од Куманово, затоа што на улицата „Гоце Делчев“ во Куманово физички нападнал малолетничка. По целосно документирање на случајот, против И.А. ќе следува соодветен поднесок.

На 27.09.2026 во 03:20 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода А.А.(43) од Прилеп, бидејќи во семејниот дом во Прилеп физички ја нападнал неговата 40-годишна сопруга. По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Текстот Тетовец ја претепал неговата сестра, кумановец нападнал малолетничка: серија насилства е превземен од МАКФАКС.