Цената на дизелот во Велика Британија достигна историски рекорд од 199,18 пени за литар, односно околу 2,37 евра, покажуваат податоците на автомобилската организација RAC.
Поскапува и бензинот, кој во просек чини 174,13 пени за литар. Растот на цените се поврзува со нарушувањата на производството и снабдувањето со нафта поради конфликтот на Блискиот Исток.
Полнењето на резервоарот на просечен семеен автомобил со дизел сега чини речиси 110 фунти, околу 31 повеќе отколку на почетокот на конфликтот меѓу САД и Иран.
Од RAC предупредуваат дека повисоките трошоци за дизел нема да ги погодат само возачите, туку може да се пренесат и врз цените на стоките и услугите што зависат од транспортот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.























