Вчера во 13:55 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид лишија од слобода 17-годишник од Охрид.
При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со наредба од Основен суд Охрид, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага со остатоци од марихуана и бела прашкаста материја и дробилка со остатоци од марихуана.
Додека, при преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој е приведен во полициска станица и во присуство на родител и претставници од Центар за социјални работи Охрид со него е извршен службен разговор.
По целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна приајва.
Текстот Претрес во Охрид, пронајдена дрога: уапсен 17-годишник е превземен од МАКФАКС.























