Полициски службеници од СВР Тетово синоќа привеле 22-годишник од тетовско село, откако неговиот татко пријавил дека бил физички нападнат во својот дом.
Според МВР, случајот бил пријавен на 22 септември во 22:50 часот од 57-годишниот татко на приведениот.
Како што било пријавено, 22-годишникот го нападнал татко му, при што употребил тврд предмет.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Текстот 22-годишник од Тетовско приведен по напад врз татко му со тврд предмет е превземен од МАКФАКС.























