
Од Општина Илинден информираат дека интензивно се продолжува со реализација на активностите за реконструкција, рехабилитација и изградба на локалната патна инфраструктура, во согласност со утврдените приоритети и потребите на граѓаните, при што е извршено асфалтирање на дел од улица „3“ во н.м Дељадровци, во вкупна должина од 350 метри.
„Продолжуваме со реализација на проекти кои се од директно значење за граѓаните и за подобрување на условите за живеење во сите населени места. Реконструкцијата на локалните улици е еден од нашите приоритети, а и во наредниот период ќе продолжиме со санација и унапредување на патната инфраструктура, согласно потребите и приоритетите на граѓаните“, истакна градоначалникот Георгиевски, кој изврши увид во тековните активности.
Општина Илинден, додаваат од таму, останува посветена на рамномерен развој и подобрување на условите за секојдневно одвивање на сообраќајот, унапредување на локалната патна мрежа и зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.























