
Општина Бутел денеска додели финансиски средства во износ од 4 милиони денари, за поддршка на спортските клубови од општината.
„Општина Бутел е најспортската општина во Македонија. Локалната самоуправа промовира политики за поддршка на спортот и постојано вложува во развој на сите спортови“, изјави градоначалникот Дарко Костовски.
Тој изрази надеж дека финансиската поддршка ќе поттикне напредок во сите спортови и дека спортистите ќе освојуваат европски и олимписки медали.
Текстот Четири милиони денари финансиска поддршка за спортските клубови во Општина Бутел е превземен од МАКФАКС.























