Струшката полиција вчераутро го уапси 60-годишниот Љ.М. од селото Враништа под сомнение дека во средата, оваа недела, предизвикал пожар на сува трева и стрниште на отворен простор во атарот на селото Враништа. Пожарот го изгасила Територијалната противпожарна единица од Струга и во него нема повредени.
По целосно документирање на настанот, против Љ.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Текстот Приведен 60-годишник оти предизвикал пожар на сува трева и стрниште во струшкото село Враништа е превземен од МАКФАКС.