„Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ја унапредува својата соработка со EPP Women, како дел од нашето европско политичко семејство. Овие два дена учествувам на академијата „Да ја искористиме силата на жените“ во Атина, која претставува можност за споделување на искуства, воспоставување нови иницијативи за градење соработки, како и за отворена дискусија за актуелните предизвици со кои се соочува Европа“, информираше претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

„За нас ова е континуитет на долгогодишното партнерството што го градиме, со амбиција за уште поголема соработка, посилно поврзување и поголема видливост на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во европското политичко семејство“, додаде Митева.

Текстот Митева: Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ја унапредува својата соработка со жените од ЕПП е превземен од МАКФАКС.