
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена.
Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 31 степен.
До сабота ќе се задржи претежно стабилно време. Во недела и понеделник ќе има повремени врнежи од дожд и услови за нестабилност со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Од вторник поради продор на постуден воздух од север ќе има опаѓање на дневната температура.
Текстот Утре сончево време со температура до 32 степени, в недела и понеделник ќе има повремени врнежи е превземен од МАКФАКС.























