
Специјализираните совети во Хаг донесоа првостепена пресуда. Хашим Тачи и уште тројца се прогласени за виновни за воени злосторства. Има жалба. Процесот не е готов. Принципот е тој.
Повикуваме сите да ја почитуваат одлуката на судот и да избегнат поттикнување тензии или поделби, истакнуваат од СДСМ.
Од опозициската партија се децидни дека одлуките на меѓународните судови мора да се почитуваат.
„СДСМ не се меша во работата на судот. Не кроиме пресуда според коалиција, нација или моментален интерес. Ако судот донел одлука за некој дека е виновен – тогаш тоа треба да се прифати, додека повисок суд не каже друго.
Таму обвинителството не работи на телефон. Затоа се бориме за Европска Унија. Законот мора да важи за сите.
Хаг судеше и кога на обвинителна клупа беше Ратко Младиќ. Тогаш рековме: пресуда мора да се почитува. И сега истото.
Законот не се бира по нација“.
Во оваа насока, додаваат од партијата, реакциите на претседателот на Собранието, Африм Гаши се крајно несоодветни. Тој, нагласуваат од СДСМ, извршува државна функција, претседател на Собранието и е претставник на држава што сака да биде дел од ЕУ. Не може двојни аршини.
Ова не е пресуда против албанскиот народ. Не е пресуда против правото на Косово на слобода. Судот суди поединци. Кој денеска ја претвора пресудата во етничка лекција, прави иста грешка како оној што злосторството го крие зад некое знаме.
Кај нас е обратно. Кај нас премиерот се меша во суд и во обвинителство. Кај нас предметите се тргаат, толкувањата се измислуваат, Европската комисија во извештаите наведува за притисок врз правосудството. Тие сакаат партија да биде суд. Ние одбиваме.
СДСМ ќе ја почитува одлуката на судот и ќе повторува едно: никој не е над законот. Ни таму. Ни тука.
За СДСМ реакциите на Гаши по пресудата за Хашим Тачи се крајно несоодветни. Тој, нагласуваат од СДСМ, извршува државна функција, претседател на Собранието и е претставник на држава што сака да биде дел од ЕУ. Не може двојни аршини























