Водно беше гола планина. Во минатото се случувало голема маса на вода и земја да се спуштаат низ
падините и стигнувале до околните населби нанесувајќи материјална штета и доведувајќи ги во опасност животите на граѓаните, велат од ЗНАМ.

Од партиката потсетуваат дека ​со цел да се заштити градот и жителите од ерозија, Водно интензивно неколку децении е пошумувано.

​Сега, како што велат, за интересите и апетитите на неколкумина, треба да се уништи она
што со генерации се правеше и одржуваше.

„​Предлог ДУП-от за Градска четврт Барутана се простира на 6,9 хектари. Оваа површина за да се уреди за градење треба да се исечат многу дрва и повторно да се донесе во ризик имотот и безбедноста на граѓаните. ​Затоа, советниците на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија во Општина
Центар се противат на предлог ДУП-от за Барутана и бараме тој да не сеприфати во предложената форма и детално да се ревидира.“

Текстот ЗНАМ: Водно интензивно неколку децении е пошумувано, ​сега, за интересите и апетитите на неколкумина, треба да се уништи она што со генерации се правеше и одржуваше е превземен од МАКФАКС.