Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд (над 15l/m2), грмежи и засилен ветер.

Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец, кој повремено ќе достигнува брзина од 40 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 15 l/m²), проследени со грмежи и засилен северен ветер (над 40 km/h). Дневната температура ќе биде во опаѓање. Потоа следува период на сончево време со мала до умерена облачност. Во вторник и четврток наместа ќе има услови за врнежи од дожд.

Текстот Утре невреме со пороен дожд, грмежи и ветер над 40 километри на час е превземен од МАКФАКС.