„Бидејќи СДС прашува каде завршија парите од прославата за независност, одговорот ќе го добијат за секоја ставка во едночасовната прес-конференција на Владата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„А ако од СДС сакаат да дознаат каде завршиле парите од организација на НАТО фестот, прославата за промена на име и ОБСЕ самитот, одговорот ќе го најдете во фотографија. Очигледно талогот од СДС продолжува да биде најдоле што може.
Тие се најголемата антимакедонска партија во државата со најмал рејтинг меѓу народот“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Текстот „Парите од прославата за независност се транспарентно објавени, а парите од НАТО фестот, прославата на промената на името и ОБСЕ самитот завршија за Заев и Филипче да си купат јахта“, велат од ВМРО-ДПМНЕ е превземен од МАКФАКС.
















