Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР го приведоа помошник директорот на Царинската управа кај кого се пронајдени обработени парични средства во износ од 17.500 евра.

Според првичните сознанија парите биле побарани како поткуп со цел во две постапки пред Царинската управа да го употреби своето реално влијание и наводно да помогне.

Детали од настанот обвинителството ќе сподели во текот на утрешниот ден.

Текстот Приведен помошник-директор на Царинската управа, кај него пронајдени 17.500 евра е превземен од МАКФАКС.