Перпарим Бајрами, поранешен директор на „Државна лотарија“ утрово се пријавил на граничниот премин Долно Блаце, извести МВР.

Бајрами е првообвинет во предметот поврзан со наводните злоупотреби во оваа државна компанија. Тој беше во бегство од декември, 2024 година.

„Денеска во 05:35 часот на ГП Долно Блаце за влез во РСМ се пријави Перпарим Бајрами (33), баран со меѓународна потерница по наредба од ОЈО Скопје бр.XVII KO бр.4232/24 од 17.12.2024 година“, соопшти МВР.

Лицето е лишено од слобода и спроведено во Казнено поправната установа Затвор Скопје, информираше Министерството за внатрешни работи.

Текстот Перпарим Бајрами спроведен во КПУ Затвор Скопје е превземен од МАКФАКС.