Денеска до 18:00 часот, регистрирани се вкупно 26 пожари на отворен простор, од кои 6 се активни, 4 се под контрола, а 16 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.
Активни се 6 пожари
Општина Струга: с. Буринец – с. Локов – с. Селце – с. Елевци (нискостеблеста шума);
Општина Македонски Брод: с. Белица, м.в. Кајорец кон с. Брезница, кај репетиторот (нискостеблеста и мешана шума);
Општина Гостивар: с. Печково (ниска вегетација и нискостеблести растенија);
Општина Крушево: с. Норово (нискостеблеста дабова шума);
Општина Ново Село: с. Барбарево;
Општина Чучер-Сандево: с. Брест, м.в. Рамно (мешана шума).
Пожари под контрола се 4:
Општина Кичево: с. Тајмиште, м.в. Дарда (ниска вегетација);
Општина Сарај: с. Копаница (нискостеблеста шума и ниска вегетација);
Општина Македонски Брод: с. Бенче (шумски пожар);
Општина Делчево: градска депонија Делчево (депонија).
Изгаснати пожари – 16:
Општина Прилеп: кај Новите гробишта (ниска вегетација);
Општина Долнени: с. Долгаец (ниска вегетација);
Општина Кривогаштани: с. Локвени (ниска вегетација);
Општина Крушево: с. Алданци (ниска вегетација);
Општина Ново Село: с. Ситник (паднати стебла и трупци);
Општина Валандово: м.в. Честово (ниска вегетација и прнар);
Општина Крушево: кај Градските гробишта (ниска вегетација);
Општина Кичево: с. Кнежино, м.в. Црн Камен (нискостеблеста шума);
Општина Росоман: с. Сирково (ниска вегетација);
Општина Тетово: с. Гајре (ниска вегетација и ниска шума);
Општина Брвеница: с. Милетино (ниска вегетација и нискостеблести растенија);
Општина Желино: с. Палатица (ѓубре);
Општина Гостивар: с. Падалиште (ниска вегетација);
Општина Ѓорче Петров: ул. „56“ (ниска вегетација);
Општина Сарај: с. Шишево (ниска вегетација);
Општина Карпош: с. Бардовци (отпаден материјал).
_____________
Текстот Регистрирани 26 пожари на отворено, шест се активни, соопшти ЦУК е превземен од МАКФАКС.
















