СДСМ реагира по информацијата дека возачот на генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, бил приведен под сомнение дека барал пари за посредување при вработување, поставувајќи прашање каква била улогата на Јанушев во случајот.
„Сите земаат мито, дури и возачите на Владата. Ова е ОКГ – организирана криминална група“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Од партијата тврдат дека доколку полицијата и обвинителството биле слободни и работеле според закон и стандарди, „цела Влада ќе беше уапсена“.
„Вака, дел од полицијата си ја врши својата работа, но исто како и за бодигардот на Мицкоски, на крај сите ќе бидат ослободени со повик на телефон“, обвинува СДСМ.
Од опозициската партија велат дека случајот отвора и прашања за евентуалната улога на генералниот секретар на Владата.
„Каква била улогата на Јанушев во овој случај со мито? Дали возачот е само негова продолжена рака и посредник?“, прашуваат од СДСМ.
Вчера дел од медиумите објавија дека возачот на генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, е приведен под сомнение дека барал пари за посредување при вработување.
Текстот СДСМ: Мито земаат дури и возачите во Владата е превземен од МАКФАКС.















