„Почнаа со работа медиумите од српската медиумска мрежа во Македонија. Како што најавивме, на сомнителен начин. На прес конференција во Владата пред два дена присуствувала и екипа на Euronews Македонија. Како присуствуваат кога се уште немаат дозвола за работа? Очигледно Владата на Мицкоски, веќе ја третира Euronews Македонија како телевизија и ѝ овозможува пристап на официјални владини настани“, вели Богданка Кузеска – портпаролка и членка на ИО на СДСМ.
„Нели беше најавена истрагата за сомнителниот влез на српската медиумска машинерија во Македонија. По реакциите на македонските телевизии беше соопштено дека Финансиската полиција отворила предмет, а АВМУ ја запрела постапката.
Дали ова значи дека истрагата е прекината и се работи под радарот? Како работат медиумите на Вучиќ во Македонија? Што прави АВМУ? Или мачкаат очи? Што прави Трајчевски? Дали знае дека во наводно регулираниот простор му се шетаат медиумски пирати и дека за тоа може и кривично да одговара?
Едно е јасно, медиумите на Вучиќ веќе се во македонскиот етер. Тече анти-македонска и анти-ЕУ пропаганда. Еврокомесарката Марта Кос, вчера ја откажа посетата на Србија, поради истите политики на Мицкоски и Стоилковиќ – величење на Ратко Младиќ.
Мицкоски копира се. Истите политики ги гледаме и со целосна контрола на медиумскиот простор, покрај веќе контролираните 40% од Орбановите медиуми. Наскоро медиумски мрак и во Македонија – во служба на Русија и организираната криминална група на Мицкоски .
Со Мицкоски Македонија стана заложник на туѓи интереси на Балканот. СДСМ отсекогаш се борел за демократско општество, слободни медиуми и слобода на говорот. Даваме целосна поддршка на независните медиуми и новинари во Македонија. Ние веќе еднаш се боревме против медиумскиот мрак, во 2015 година. Нема да дозволиме Македонија повторно да се врати во времето на Груевски“, изјави Богданка Кузеска – портпаролка и членка на ИО на СДСМ.
Текстот (Видео) Кузеска: На прес на Влада почнаа со работа медиумите од српската медиумска мрежа е превземен од МАКФАКС.















