Осумгодишно дете од гостиварското село Дебреше е повредено откако со детски мотор удрило во паркирана тракторска приколка.
Како што информира МВР, на 3 септември во 16:40 часот во ОВР Гостивар од Ургентниот центар Гостивар било пријавено дека кај нив било донесено повреденото дете.
Според пријавеното, несреќата се случила во двор од куќа, каде детето, управувајќи детски мотор, удрило во паркирана тракторска приколка.
Поради сериозноста на повредите, малолетникот бил префрлен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување лекарска помош.
За случајот бил известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од ОВР Гостивар.
Текстот Осумгодишно дете со детски мотор удрило во тракторска приколка, пренесено е на клиниките во Скопје е превземен од МАКФАКС.
















