Две лица од Кина се пронајдени починати во стан во центарот на Скопје, соопшти МВР.
Случајот бил пријавен на 2 септември околу 13:50 часот во СВР Скопје, откако Н.М. во стан ги пронашла починати нејзината мајка Ч.Т.Ј.(50) и сопругот на нејзината мајка Ш.Л.Ф.(37), двајцата од Кина.
Според полицијата, Н.М. претходно истиот ден, во 00:49 часот, ги пријавила двајцата за исчезнати.
Лекар од судска медицина констатирал смрт без видливи траги на насилство, а телата се дадени на обдукција.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Текстот Две лица од Кина пронајдени мртви во стан во центарот на Скопје е превземен од МАКФАКС.
















