Филмскиот фестивал во Венеција официјално се отвори синоќа, а прекрасната Алесандра Амбросио не ја пропушти можноста да блесне на овој настан.
Првата вечер на овогодинешниот Филмски фестивал во Венеција беше обележана со минималистички кроеви и елегантни модни изданија. Може да се каже дека Амал Клуни беше лидер на овој начин на облекување, а прекрасната Алесандра Амбросио верно ја следеше.
За премиерата на филмот „Ink“, таа одлучи да носи чиста елеганција, поточно коктел фустан скроен по мерка. Таа му ја даде својата доверба на брендот „Intimissimi“ кој, судејќи според фотографиите, ги исполни сите нејзини очекувања.
Станува збор за структуриран фустан, кој ја следи линијата на телото и ја истакнува нејзината витка фигура.
Не треба да ги изоставиме минималистичките детали кои прават голема разлика – наборите во долниот дел од креацијата, кои даваат тој заводлив изглед, но и деколтето во облик на срце кое ги нагласува нејзините гради.
За да го комплетира својот изглед, таа додаде скапи додатоци. Ја стилизираше косата во бранови за да го постигне тој стар холивудски гламур, и носеше шминка во природни тонови која ја нагласуваше нејзината убавина.
Текстот (Фото/Видео) Црн фустан и убавина која го одзема здивот: Може ли да биде посекси од ова? е превземен од МАКФАКС.
















