Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека неодамнешната тајна посета на директорот на ЦИА, Џон Ретклиф, на Москва била главно од рутинска природа и имала цел воспоставување и развивање канали за комуникација меѓу американските и руските разузнавачки служби.

Во интервју за „Фокс њуз“, Рубио објасни дека ваквите врски се особено важни во периоди на зголемени тензии, бидејќи директната комуникација може да помогне во управувањето со кризи и да спречи несакана ескалација.

„Посетата беше главно од рутинска природа, со цел воспоставување и понатамошно градење на тие комуникациски канали меѓу разузнавачките служби. Таквите канали се корисни во кризни ситуации или во случај на конфликт“, рече Рубио.

Американските медиуми на 25 август објавија дека Ретклиф тајно престојувал во Москва и разговарал со руското раководство, но деталите од разговорите не беа објавени.

По неговото враќање, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти од посетата „би можело нешто да произлезе“, без да прецизира на што мисли.

Текстот Рубио за тајната посета на шефот на ЦИА на Москва: Беше главно рутинска е превземен од МАКФАКС.