Иран подготвува незаборавни лекции за Соединетите Американски Држави, изјави денес врховниот лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, реагирајќи на континуираните напади на американската армија врз Иран во последните неколку часа.
„Драгиот Иран и Фронтот на отпорот имаат незаборавни лекции за непријателот Америка“, напиша тој на својот профил на Икс.
Американските сили започнаа напади врз Иран околу полноќ по локално време, односно околу 17 часот по средноевропско време, а во нападот врз станбена зграда во градот Сирик беа убиени најмалку четири лица, вклучувајќи едно дете, а повеќе од 50 лица беа повредени.
Иранскиот корпус на револуционерна гарда (ИРГК), кој започна одмазднички напади, објави дека се убиени неколку американски војници и дека се уништени неколку хеликоптери на американската армија, пренесува Танјуг. ИРГК изврши напади врз касарните на американските маринци во кампот Тинтин во Јордан, а во соопштението на ИРГК се додава дека одмаздничките напади врз американските позиции и инфраструктура во регионот ќе продолжат, но не беше прецизирано точно колку американски војници беа убиени.
Иранските сили започнаа бран напади со беспилотни летала врз радарски инсталации и области во близина на базата Шеик Иса во Бахреин, каде што се стационирани американските сили, откако претходно денес започнаа напади врз американските позиции во Јордан, објави Тасним.
Иранската војска соопшти дека нападите биле дел од 29-тата фаза од операцијата „Бура“ и дека Шеик Иса е клучна американска база во Персискиот Залив што се користи за одржување на хеликоптери, компоненти за беспилотни летала и извидувачки авиони, објави „Ал Џезира“.
Како дел од одмаздничките напади против американските неколкучасовни напади врз Иран, Иранскиот корпус на револуционерна гарда (ИРГК) изврши балистички напади врз касарната на американските маринци во кампот Тинтин во Јордан, каде што беа убиени неколку американски војници, а неколку хеликоптери на американската армија беа уништени.
Неименуван извор од американската војска ги негираше обвинувањата за смртта на американските војници, објави „Ал Џезира“.
Текстот Хамнеи: Иран има незаборавни лекции за Америка е превземен од МАКФАКС.















