Училишните чанти можат да бидат и стилски и практични, но можат да бидат претешки, оптоварени со книги, дигитални уреди, музички инструменти, спортска опрема, а тоа ги заморува грбот на учениците, според најновата студија пред почетокот на учебната година, објави „Јуроњуз“.

Модерниот училишен ранец еволуирал, но не е нужно полесен. Без разлика дали станува збор за учебници, дигитални уреди или и двете, честопати е придружен со тетратки, шишиња за вода, кутии за ручек или спортска облека. Земени одделно, овие предмети не изгледаат тешки, но заедно можат да предизвикаат непотребно оптоварување на детското тело.

Добро е да се биде подготвен, но децата кои одат на училиште или учествуваат во воннаставни активности понекогаш носат повеќе отколку што нивното тело може да поднесе.

Според Американската академија за педијатрија, одредени знаци дека ранецот може да биде претежок се ако детето се наведнува напред за да ја издржи својата тежина или има тешкотии со одењето.
Повредите на грбот се ретки, но можни, особено ако детето падне додека носи многу тешка торба, рече Садика Кенди, претседателка на програмата за превенција на повреди.

„На пример, полошо е ако се сопнат и паднат со огромна, многу тешка торба на грб. Ова додава тежина и може да ја влоши повредата“, додаде таа.

Таа рече дека не може да биде правило дека училишната торба не треба да биде поголема од 10 до 15 проценти од телесната тежина на детето.

Според неа, нема доволно докази дека ова би била универзално применлива препорака, бидејќи децата се разликуваат по висина, сила, физички развој и дневни рутини.

„Затоа возрасните треба да ги земат предвид потребите на секоја индивидуа и генерално да се осигурат дека училишните ранци остануваат што е можно полесни“, рече Садика Кенди.

Текстот Експертите предупредуваат дека тешките училишни чанти гo заморуваат грбот на децата е превземен од МАКФАКС.