Бројот на исчезнати по поморската несреќа во која загинаа најмалку осум лица кај северниот брег на Кипар се искачи на 20, објавија турските власти.

Претходната проценка беше 18 исчезнати. Траектот се преврте вчера кратко по напуштањето на пристаништето Киренија и пловеше кон Мерсин во јужна Турција. На бродот имало 267 лица, вклучувајќи 259 патници и осум членови на екипажот.

Капетанот на фериботот, седум членови на екипажот и директорот на компанијата што управуваше со бродот беа изведени на суд во Киренија во северен Кипар, објави телевизијата БРТ.

Заменик-полицискиот комесар Мехмет Манас изјави за дневниот весник „Кибрис Постаси“ дека имало пукнатина во предниот лев дел од бродот поради што водата влегла во фериботот, предизвикувајќи тој да се преврти и потоне.

фото/depositphotos

Текстот Бројот на исчезнати по несреќата со бродот кај Кипар се искачи на 20, осум лица загинаа е превземен од МАКФАКС.