Screenshot

„Вчера граѓаните на Штип повторно беа без вода за пиење, на 40 степени. Резултат на неспособноста на ВМРО-ОКГ и градоначалникот Иван Јорданов. Поради мало невреме, хидросистемот Злетовица не беше во функција. Единствената опција за вода во Штип. Во 21 век Штип и штипјани зависат од едно невреме дали ќе имаат вода или не“, кажа Трајче Стојчевски, претседател на СДММ.

„Штипските бунари кои функционираа половина век, над 50 години се запуштени. СДСМ со години апелираше дека штипските бунари коишто треба да бидат алтернативен избор за водоснабдување, не смеат да се остават уништени, како што ги уништи ВМРО.

Иван Јорданов и ВМРО-ОКГ се фатија за парк од 120 милиони денари ⁠наместо да ги стават во функција. СДСМ и во советот на Штип имаше многу иницијативи, предлози, конкретни мерки.

Но Иван Јорданов и ВМРО-ОКГ ги оставија штипјани во милост и немилост само заради свои бизниси интереси и провизии. Секогаш кога е ВМРО во прашање за нив најважни се бизнисите, а не граѓаните.

Проблемот со водата не е само локален во Штип, со ВМРО-ОКГ во над 50 населени места ширум Македонија, водата не е безбедна, во Гостивар над 5.000 луѓе беа отруени. За хаосот со водоснабдувањето мора да има одговорност.

Македонија не смее да биде држава во која во 21 век граѓаните се плашат да се напијат чаша вода од чешма“, изјави Трајче Стојчевски, претседател на СДММ.

Текстот (Видео) „Штип вчера остана без вода – бунарите уништени поради неспособноста на ВМРО-ОКГ и Иван Јорданов“, кажа Стојчевски е превземен од МАКФАКС.