Најмалку седум лица загинаа, а 23 се водат како исчезнати откако траект со вкупно 267 лица се преврте во близина на северниот брег на Кипар. Според турско-кипарските власти, во спасувачката операција досега се спасени 237 лица.
Траектот тргнал од пристаништето во Киренија кон турското пристаниште Ташуџу, во провинцијата Мерсин. Пловилото се превртело на околу четири наутички милји од Киренија, откако почнало да навлегува вода.
Во тек е голема спасувачка операција во која се вклучени чамци и хеликоптери, а турските власти соопштија дека сите расположливи ресурси се ангажирани во потрагата по исчезнатите.
Причините за несреќата засега не се соопштени.
Текстот Седум лица загинаа, 23 се исчезнати по превртувањето на брод кај Кипар е превземен од МАКФАКС.














