Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба за основање на првата Американска вселенска академија, на која ќе се образува и обучува новата генерација вселенски лидери, соопшти НАСА.

Трамп ја потпиша наредбата во вселенскиот центар на НАСА во Хјустон, каде што истакна дека САД имаат потреба од нова генерација квалификувани воени лица, инженери и цивилни оператори.

„Со оглед на брзиот раст на американските вселенски сили и комерцијалната вселенска индустрија, како и проширувањето на нашите амбиции кон Месечината и далеку над неа, јасно е дека ќе треба да образуваме и обучиме цела генерација квалификувани воени лица, инженери и цивилни оператори“, изјави Трамп.

Според извршната наредба, претседател на новата Претседателска комисија за Американската вселенска академија ќе биде администраторот на НАСА, Џаред Ајзакман, додека извршен директор ќе биде заменик-администраторот на НАСА, Мет Андерсон.

Од НАСА наведуваат дека вселената претставува клучна област за американската национална безбедност, економскиот раст, научните откритија и технолошките иновации.

Основaњето на академијата доаѓа во период кога САД ги прошируваат своите вселенски амбиции, вклучително и плановите поврзани со истражувањето на Месечината и идните мисии подалеку од неа.

Текстот Трамп ја отвора првата Американска вселенска академија: „Ќе обучуваме нова генерација лидери“ е превземен од МАКФАКС.