Поранешен извршен директор на „JPMorgan Chase“ им призна на американските пратеници дека споделувал класифицирани информации со Џефри Епстин, покажува транскрипт од Надзорниот одбор на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес.

Џес Стејли сведочеше пред одборот во јули како дел од истрагата за Епстин и неговата партнерка Гислен Максвел. Транскриптите од сведочењето на 69-годишниот банкар беа објавени во среда, пренесе Ројтерс.

Стејли призна дека му дал на сексуалниот престапник со врски со политичката, академската и финансиската елита информации за комуникациите на банката со Федералниот резервен систем (ФЕД), централната банка на САД, за време на финансиската криза во 2008 година.

„Верував дека имам овластување“
Стејли вели дека верувал дека има овластување да споделува информации кога сметал дека е соодветно и тврдел дека имал близок професионален однос со Епстин, но не бил свесен за неговите злосторства, објави Ројтерс.

Тој, исто така, призна дека го информирал Епстин за загриженоста на банката во врска со неговите големи подигнувања на готовина и дека бил етикетиран како клиент со висок ризик.

Стејли помина повеќе од три децении во „JPMorgan“, вклучително и како раководител на одделот за приватно банкарство и управување со богатство. Тој ја водеше банката „Barclays“ од 2015 до 2021 година.

Текстот Поранешен шеф на моќна банка призна: Му давав на Епстин доверливи информации е превземен од МАКФАКС.