Screenshot

Министерот за правда Јетон Шасивари присуствуваше на настанот по повод почетокот на градежните работи за изградба на автопатот Скопје–Блаце.

„Овој автопат значи многу повеќе од нова патна инфраструктура. Подобра поврзаност, побрзо движење на луѓето и стоките, поголема безбедност и нови можности за економски развој.

Автопатот Скопје–Блаце ќе ја подобри поврзаноста на Скопје и Македонија со Косово и ќе придонесе за посилни економски и регионални врски.

Инвестициите во инфраструктурата се инвестиции во иднината – во подобра мобилност, развој на бизнисите и поконкурентен регион.

Чекор по чекор, градиме подобра поврзаност и нови перспективи за граѓаните, стои во соопштението од министерството за правда“.

Текстот Шасивари: Инфраструктура што поврзува, развива и отвора нови перспективи е превземен од МАКФАКС.