Министерот за правда Јетон Шасивари оствари работна средба со директорката на Институтот за европска политика (ЕПИ),Симонида Кацарска на која се дискутираше за актуелните реформи во правосудството и законските решенија кои произлегуваат од Реформската агенда и Поглавјето 23.
Беше истакната важноста од отворен дијалог и вклучување на граѓанскиот сектор во креирањето и спроведувањето на реформите, како и спроведувањето на Секторската развојна стратегија за правосудството.
На средбата беше потврдена определбата за продолжување на конструктивната соработка, со цел реформите да се темелат на јасни приоритети, мерливи резултати и европски стандарди, соопшти Министерството за правда.
Текстот Отворен дијалог за забрзување на правосудните реформи е превземен од МАКФАКС.


















