Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денес присуствуваше на поставувањето на камен-темелникот на автопатот Скопје–Блаце, еден од најзначајните инфраструктурни проекти кој ќе овозможи побрзо и поефикасно поврзување меѓу Скопје и Приштина, олеснувајќи го движењето на граѓаните и развојот на економската соработка меѓу Северна Македонија и Косово.

На поставувањето на камен-темелникот присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, премиерот на Косово Албин Курти, првиот вицепремиер Беким Сали, копретседателот на ВЛЕН Билал Касами, заменик-министерката Калтрина Зеколи, како и други институционални претставници.

„Денес не зборуваме за она што допрва треба да се направи. Денес започнавме! Автопатот Скопје–Блаце е еден од резултатите кои покажуваат дека големите проекти можат да станат реалност. Овој пат ги поврзува Скопје и Приштина, два главни града, две економии, илјадници семејства, бизниси и луѓе. Денес го поставивме камен-темелникот, а утре по овој пат ќе патуваат цели генерации“, изјави Меџити.

Автопатот Скопје–Блаце се очекува да има особено значење за инфраструктурното и економското поврзување меѓу двете земји, скратувајќи го времето на патување и создавајќи подобри услови за движење на луѓето и стоките меѓу Скопје и Приштина.

Текстот Меџити: Автопатот Скопје–Блаце станува реалност, денес го поставивме камен-темелникот е превземен од МАКФАКС.