Каде и да се појави, зачудувачката Алесандра Амбросио секогаш го привлекува вниманието на јавноста – и овој пат не беше ништо поинакво.
Моделот Алесандра Амбросио се смета за една од најубавите жени во светот. Има природни црти на лицето и малкумина можат да одолеат на нејзиниот шарм. Често е активна на социјалните мрежи, особено на Инстаграм, каде што објавува фотографии кои често ги воодушевуваат корисниците на оваа мрежа.
Неодамна ги излуде мажите со фотографија во танга бикини и, судејќи според новата објава на оваа мрежа, не застана тука. Објави уште пожешка фотографија која ја истакна нејзината витка фигура.
Алесандра гордо позираше во портокалово бикини кое го откриваше нејзиното згодно тело, но и нејзиниот исончан тен. Ова омилено летно парче совршено го истакна нејзиниот секси изглед, а изданието го заокружи со дискретен ѓердан во црвена боја.
Додаде и очила за сонце, неопходен летен додаток, за да ја комплетира својата впечатлива модна комбинација. Коментарите од фановите само се нижеа, а многумина ѝ порачаа едно – дека е, навистина, убава.
„Божица“, „Прекрасна си“, „Те обожавам“, беа само неколку…
Текстот (Фото) Жешкото издание на бразилската манекенка не е за оние со слабо срце е превземен од МАКФАКС.















