Заедно со медитеранската и DASH диетата, нордиската диета се смета за една од најздравите диети. Освен што ви помага да ослабете, нејзината цел е да го подобри вашето целокупно здравје, а истражувањата покажаа дека може да има корисен ефект врз крвниот притисок и нивото на холестерол. Оваа диета ветува губење на пет килограми за 15 дена.
Нордиската диета е дизајнирана од експерти од Универзитетот во Копенхаген во соработка со готвачи и други експерти, вклучувајќи го и Рене Реџепи, готвач на познатиот дански ресторан Нома. Се базира на состојки кои традиционално се достапни во нордиските земји, а посебен акцент става на сезонската и локално одгледуваната храна.
Што јадете во нордиската диета?
Менито вклучува многу овошје и зеленчук, особено бобинки како што се боровинки, малини и јагоди, но и јаболка, круши и сливи. Зеленчукот што често се избира вклучува цвекло, моркови, праз, зелка, тиква, компири и кромид. Мешунките, интегралните житарки, јаткастите плодови и семките исто така сочинуваат важен дел од исхраната. Јаткастите плодови може да се јадат секојдневно, но умерено, на пример една шака.
Рибата и морските плодови имаат многу важно место во нордиската исхрана. Масните риби како лосос, скуша и харинга се особено пожелни, бидејќи се богати со омега-3 масни киселини. Рибата се препорачува да се јаде неколку пати неделно, додека месото се јаде умерено, а посните сорти како пилешко и мисиркино месо почесто се избираат. Црвеното месо може да биде дел од исхраната, но во помали количини и поретко од рибата.
Млекото, јогуртот и другите ферментирани млечни производи се исто така чести и можат да се вклучуваат секојдневно, на пример со појадок или како ужина. Јајцата исто така се користат редовно, со појадок, во салати или како дел од главниот оброк.
Нордиската исхрана особено ги ограничува засладените пијалоци, слатките и високо преработената храна. Се претпочита свежа, интегрална храна, а наместо сокови се препорачува интегрално овошје. Поради високата содржина на зеленчук, влакна, риба, интегрални житарки и мешунки, оваа диета може да биде заситувачка и да помогне во контролата на телесната тежина.
Пример за 3-дневно мени за нордиска диета
Ден 1
Појадок: Овесна каша и ‘ржана каша со брусница
Ручек: Бургери од цвекло со свежа салата
Вечера: Салата од краставици, зелена салата, кисела цвекло, варени јајца, лук и чаден лосос
Ден 2
Појадок: Мафини од ‘ржано брашно со брокула и семки од тиква
Ручек: Крем супа од праз и спанаќ
Вечера: Бакалар печен во рерна со бриселско зелје и брокула
Ден 3
Појадок: Ориз пудинг со цимет
Ручек: Печено пилешко со зеленчук на скара
Вечера: Крем супа од компири со чаден лосос
Текстот Здрава диета која не ве прави гладни: со нордиската диета губите 5 килограми за 15 дена, а од менито исфрлате само три работи е превземен од МАКФАКС.
















