Украина денес ја слави 35-годишнината од својата независност. Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, по повод ова изјави дека неговата земја е подготвена да ја заврши војната, но дека нема да се согласи со непроменетите услови на Москва.

„Нема да им дозволиме да преземат иницијатива и да ја измамат Европа и целиот свет убедувајќи ги дека Украина само треба да се откаже од Донбас и дека сè наскоро ќе заврши. Немаме илузии. Не им веруваме“, рече тој во видео порака објавена на социјалните медиуми.

Тој истакна дека Украина „не го дава она што е свое“. Обраќајќи му се директно на Владимир Путин, тој рече: „Сакавте да ја заземете цела наша Украина, целата наша земја; наместо тоа ги изгубивте вашите рафинерии за нафта, вашата флота, вашата заработка, цела генерација што ја испративте во кланица.“

Зеленски ја нагласи клучната улога на одбранбената индустрија на Украина во зачувувањето на независноста на земјата и изрази надеж дека ракетите „Фламинго“ на Украина ќе играат важна улога во текот на зимата.

„Нашата одбранбена индустрија денес е навистина огромна, независноста се гради 24/7. И мора да направиме повеќе. Десетици илјади копнени роботски системи извршуваат исклучително опасни мисии на бојното поле и веќе спасија илјадници војници. Но, мора да направиме повеќе“, рече тој.

„Нашите поморски беспилотни летала се во акција: непријателот имаше флота, а таа се претвора во старо железо. Но, треба да потопиме уште повеќе бродови. Нашите напади со среден дострел ја прекинуваат нивната логистика. Нашите можности за напади со долг дострел им ја прекинуваат профитот“, продолжи тој.

„Илјадници наши напади длабоко на руска територија веќе се регистрирани во Москва, Туапсе, Тула, Рјазан, Олења, Омск и десетици други места каде што нашата украинска правда веќе стигнала. Русија мора да види уште повеќе од оваа правда. Фламингата не треба да бидат редок вид, туку птици што пристигнуваат во јата. Тие мора да „зимуваат“ во Русија“, рече тој.

 

фото/Depositphotos

Текстот (Видео) Зеленски до Путин: Сакавте да ја земете цела Украина, наместо тоа цела генерација ја испративте во кланица е превземен од МАКФАКС.