Денес времето претпладне ќе биде сончево и топло. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град. Послаби услови за краткотрајно невреме ќе има и утре попладне и кон крајот на денот, најави УХМР.

Во Скопје, денес попладне и утре во вечерните часови во делови во котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи.

Текстот Интензивен пороен дожд, грмежи и засилен ветер: УХМР најави невреме за денеска попладне е превземен од МАКФАКС.