На 29 август, Охрид ќе биде домаќин на концертна вечер што има сè за да стане едно од највпечатливите музички случувања на крајот од летото. На сцената на Античкиот театар пристигнува Нина Бадриќ, артист чиј глас, стил и музички идентитет повеќе од три децении имаат посебно место на регионалната сцена.
Во време кога музичката индустрија постојано создава нови имиња и краткотрајни трендови, Нина Бадриќ останува ретка константа. Кариера изградена без компромиси, репертоар што го издржа тестот на времето и песни што денес се пеат со истата сила како и во моментот кога беа создадени.
„Чаробно јутро“, „Такви као ти“, „Дани и године“, „Рекао си“, „Додири од стакла“ се само дел од музичката приказна што на 29 август ќе прозвучи под отвореното охридско небо.
Античкиот театар во Охрид на 29 август нема да биде само концертна локација. Ќе биде местото каде што песните што обележаа години, љубови, разделби и нови почетоци ќе се слушнат поинаку, во вечер создадена за емоција и елеганција.
На самиот крај од август, кога Охрид полека го испраќа летото, една од неговите најубави вечери допрва треба да се случи.
Текстот Концерт на Нина Бадриќ оваа сабота во Охрид е превземен од МАКФАКС.
















