Пет години се чуваше по фиока и фаќаше пајажина предметот, како и доказите за модуларната болница, во која изгореа 14 наши сограѓани, а директниот виновник Венко Филипче не беше повикан ниту на разговор, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Толку треба да знаете за нашиот правосуден систем, кој е ставен директно во одбрана на неговите наредбодавци, односно СДС и ДУИ. Предмет во кој живи горат 14 лица, да заврши без истрага е скандал од невидени размери. Абази премижа и на менувањето на Законот за градење, премижа и на немањето на елаборат за електрична енергија, премижа и за немањето на минимум технички спецификации. Премижа се, за Филипче да биде ослободен. Затоа, денес Филипче со потсмев ја поздрави ‘одлуката’ на Абази која тој веќе некое време ја знаел. Шефот на ОЈО ГОКК во заминување, Ислам Абази, ја заврши својата работа за која што беше поставен, а таа е заштита на поранешни функционери на СДС и ДУИ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Текстот ВМРО-ДПМНЕ: Филипче со потсмев ја поздрави „одлуката’’ на Абази е превземен од МАКФАКС.


















