Марк Цукерберг купи готски замок од 19 век со поглед на река во југоисточна Ирска, на 200 километри од европското седиште на неговата компанија. Извршниот директор на „Мета“ и неговата сопруга, Присила Чан, ќе го користат замокот и неговиот имот од 178 хектари како база за време на нивниот престој во Ирска.

„Марк и неговото семејство со нетрпение очекуваат да продолжат да се грижат за овој историски дом и да бидат во Ирска, каде што „Мета“ има свое меѓународно седиште“, изјави портпаролот.

Цената на замокот не е позната, но „Ајриш тајмс“, кој прв објави за продажбата, ја процени вредноста на имотот помеѓу 20 и 30 милиони евра. Тоа е околу 10 проценти од вредноста на суперјахтата на Цукерберг од 118 метри.

Замокот е изграден во 1830 година за Џон Кејли, поранешен пратеник од Конзервативната партија, и бил раскошно дизајниран од архитектите Џејмс и Џорџ Ричард Пејн. Според книгата „The Houses of Ireland“, од трпезаријата до кујната се стигнува за „четири и пол минути брзо одење“.

Текстот Цукерберг купи готски замок од 19 век во Ирска е превземен од МАКФАКС.