Филипче се врати од Паљури, откако фатил боичка сончајќи се на луксузната скапа јахта на Заев и се појави на прес-конференција да лаже и да манипулира, велат од владејачката партија.
„Човекот кој е директно виновен за не поставување на минимум техничка спецификација за модуларната болница која се запали во Тетово и во која загинаа 14 лица, треба да одговара, а не да држи прес-конференции.
Но, бидејќи се уште се најголема опозициска партија на хартија, да им одговориме на прозивките.
За Гостивар, граѓаните веќе знаат кој ја реши ситуацијата, поради неспособноста на Валбон Лимани, кадарот на Филипче, Ахмети и Таравари. Додека Филипче се сончаше на јахтата, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја среди ситуацијата со водата, и истата е достапна и за техничка употреба но и за пиење. Во следниот период, надлежните органи треба да се позанимаваат со тоа кој е виновник за оваа криза, но и за над 400 негативни испитувања кои биле криени од Филипче за Гостивар, додека тој бил министер за здравство“.
Во однос за просечната плата, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека во периодот од јули 2024 до мај 2026 година таа се зголемила за 8.583 денари, или просечно за 373 денари месечно.
„Да резимираме, бројките кои СДС ги постигнала за 7 години владеење, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги реализира за еден мандат.
Во однос на просечната старосна пензија, истата во периодот од 2017 година до 2024 година кога СДС владееше со државата, се зголемила за 7.664 денари или за 84 месеци влада, истата месечно се зголемувала за 91 денар.
Јавниот долг пак, се зголемил од 47,7% во 2017 од БДП, и стигнал до 61,4% од БДП во 2024 година, односно власта на СДС. Последните две години Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успеа да го намали на 58,8%, односно за приближно 3% помалку.
И секако омилената тема на СДС, а таа е инфлацијата, само кратко. Во времето на СДС, поточно јули 2022 година, Македонија имаше просечна инфлација од 16% и таа беше во првите три највисоки во поширокиот регион и Европа, а денес, јули 2026 година, истата изнесува 2,3% и е една од најниските стапки на инфлација, во поширокиот регион и Европа.
Успешните економски политики на ВМРО-ДПМНЕ, Венко Менгеле не може да ги побие со држење на прес-конференции за кои и блиските околу него не му веруваат“.
Сепак, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, ако Филипче смета дека граѓаните му веруваат на него, а не на ВМРО-ДПМНЕ дека може да повика на избори.
„Но, стравот од можно изборно соочување се виде во очите на Филипче. И самиот е свесен дека ќе доживее таков дебакл, а по тој дебакл ќе треба да си замине засекогаш од политиката“.
Текстот Филипче се одморил на јахтата на Заев, човекот кому му се запали модуларна болница треба да одговара, велат од ВМРО-ДПМНЕ е превземен од МАКФАКС.



















