Вечерва, среда, 19 август, со почеток во 20:30 часот, на плоштадот „Скендербег“, ќе се одржи концерт на класична музика во рамките на 14. издание на фестивалот „Сцена на сериозна музика“.

Фестивалот, кој традиционално се реализира со поддршка на Министерството за култура, годинава добива поддршка и од Општина Чаир, како дел од заложбите за збогатување на културната понуда и создавање нови содржини на плоштадот „Скендербег“ и во Чаршијата.

Со поддршката на културни и уметнички настани на отворено, Општина Чаир има за цел овие значајни јавни простори да бидат уште подинамични места за средба, култура и заедничко доживување, достапни за граѓаните и посетителите на градот.

Концертот на „Сцена на сериозна музика“ е уште една можност публиката да ужива во квалитетна музичка програма во автентичниот амбиент на плоштадот „Скендербег“ и Чаршијата, велат од Општината.

Настанот започнува во 20:30 часот, а влезот е отворен за сите заинтересирани посетители.

Текстот Класична музика на плоштадот „Скендербег“ – Општина Чаир со поддршка за 14. издание на „Сцена на сериозна музика“ е превземен од МАКФАКС.