Вчера во 15:40 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишија до слобода 67-годишниот Б.С. од Битола. Тој се сомничи дека околу 12:35 часот предизвикал пожар на улицата „4 Ноември“ во Битола, при што била зафатена сува трева и дрвени палети во неговото поранешно стовариште.

Пожарот бил изгаснат од екипа на територијланта противпожарна екипа од Битола, а повредени лица нема.

Увид извршила екипа од СВР Битола и по целосно документирање на случајот, против него ќе боиде поднесена соодветна пријава.

Текстот Уапсен битолчанец за предизвикување пожар, следува пријава е превземен од МАКФАКС.