Познатата холивудска ѕвезда Никол Кидман отворено зборуваше за најновото издание на британскиот „Вог“, откривајќи што ја „мачеше“ јавноста со години.
Таа беше во брак со Том Круз од 1990 година, а се разведоа во 2001 година. Таа имаше 23 години кога му рече „да“, а тој имаше 28. Пет години по пропаѓањето на бракот за кој многумина мислеа дека ќе трае цел живот, и официјалниот развод, Никол Кидман се омажи за музичарот Кит Урбан во 2006 година. Минатата година бракот заврши со развод, шокирајќи ја јавноста, бидејќи дотогаш важеа за еден од најхармоничните парови на актерската сцена.
„Одеднаш имав 22, 23 години и имав голема филмска ѕвезда за сопруг. Но, во тоа време ми се чинеше сосема природно. Едноставно се заљубивме лудо и сè беше толку едноставно. Се сеќавам дека луѓето ми велеа: ‘Добро, ова навистина ќе влијае на твојата кариера’, а јас си реков: ‘Не ми е гајле. Заљубена сум, сакам да се омажам.’“

„И потоа станав негова поранешна сопруга и сите велеа: ‘Види, ти кажавме.’ А јас си реков: ‘Па што? Не ми беше судено да се омажам за човекот што го сакам? Секако дека би ја отфрлила кариерата за него. Не ми е гајле’“, се присети актерката за својот брак со Том Круз.
Кога ја прашале дали научила нешто од разводот од Том Круз што подоцна ѝ помогнало со вториот развод, од Кит Урбан, таа рекла дека повторно доживува сè: „Сè е ново. Секој пат!“

Беше во брак со Урбан 19 години. Таа поднесе барање за развод во септември 2025 година, иако наводно не живееле заедно од почетокот на летото, а официјално се развеле во јануари. Имаше шпекулации дека станува збор за афера, но дали тоа навистина била причината за разводот е непознато. Таа не го крие фактот дека тоа бил исклучително тежок период во нејзиниот живот.
„Но, во исто време, си помислив: ‘Добро, не го очекував ова. Имав поинаква визија за тоа каков ќе биде мојот живот, но сега е вака’. Ги правиш сите овие планови и ги имаш сите овие идеи за тоа како сè ќе изгледа и ќе биде, а потоа… не излегува така. Мора да се адаптираш. Иднината ми е сосема непозната во моментов“, продолжи таа.

„Имаше период кога бев многу исплашена и ранлива, и тоа се гледаше. Но, потоа се запрашав: Па, дали навистина можам да не се соочам со ова и само да се свиткам во кревет, или можам само да продолжам напред со огромна количина надеж?“
Никол Кидман наводно се забавува со бизнисменот Мајкл Рајнштајн, основач и претседател на фирмата за приватен капитал „Риџент“, а неодамна беа фотографирани на аеродромот во Лос Анџелес.
Текстот 25 години по разводот, таа за прв пат призна сè: „Ми рекоа да не се мажам за него“ е превземен од МАКФАКС.


















