Дваесетгодишен скопјанец е лишен од слобода откако, според пријавата, со остар предмет се обидел да ограби вработена во спортска обложувалница на подрачјето на Бит Пазар.
На 15 август, околу 19:45 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.А. (20) од Скопје, по претходна пријава дека во обложувалницата ѝ се заканувал на вработената со остар предмет со намера да одземе пари.
Од полицијата информираат дека по целосното документирање на случајот, Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава против 20-годишникот поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво во обид“ по член 237 во врска со член 19 од Кривичниот законик.
Текстот Со остар предмет се заканувал на вработена во обложувалница, 20-годишник приведен во Бит Пазар е превземен од МАКФАКС.














