Министерството за внатрешни работи соопшти дека ноќеска експлозивна направа била фрлена кон куќа во Бардовци и предизвикала штета.
Како што соопшти полицијата, околу 02:35 часот, К.Б.(70) од Скопје пријавил дека во скопското село Бардовци, кон домот бил фрлен предмет кој предизвикал експлозија и направил оштетување на скалите од влезот на куќата.
– Направил оштетување на скалите од влезот на куќата, бил скршен прозорец, потоа оштетено било патничко возило, портата и друго – посочуваат од Министерството.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Текстот Експлозивна направа фрлена кон куќа во Бардовци е превземен од МАКФАКС.














