Полициски службеници од дебарското одделение за внатрешни работи лишиле од слобода пет лица, сите жители на село Броштица, Општина Центар Жупа, поради физички напад врз лице од село Могорче.
-Денеска во 00:20 часот од страна на полициски службеници лишени се од слобода А.В.(19), Н.В.(53), А.В.(50), С.В.(32) и Р.Н.(19) сите од село Броштица, Центар Жупа, информираа од Секторот за внатрешни работи-Охрид.
Тоа постапувајќи по претходна пријава од лекар од Општата болница со проширена дејност во Дебар, дека со повреди е примен С.Р.(28) од село Могорче, дебарско.
-По преземени мерки е констатирано дека на семејна веселба во село Броштица, по претходно недоразбирање С.Р. бил физички нападнат од А.В., Н.В., А.В. и С.В. Од страна на А.В.(19) било пријавено дека истиот бил физички нападнат од Р.Н, додаваат од Секторот.
По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Текстот Семејна веселба се претвори во тепачка – петмина приведени во Броштица е превземен од МАКФАКС.














